Псалми. Chapter 60
1 Боже, Ти не отфрли и не растури, се разгневи, но сепак се смилува на нас.
2 Ја потресе земјата и ја залула; стегни ги пукнатините нејзини, зашто таа се ниша.
3 Ти му покажа на Твојот народ жестокот и не напои со заносно вино.
4 На оние, што се бојат од Тебе, им даде знак за да побегнат од убојник лак.
5 За да се избават Твоите возљубени, спаси ме со Твојата десница и услиши ме.
6 Рече Бог во Своето Светилиште: 'Kе се зарадувам, ке го разделам Сихем и ке ја премерам долината на Сокхот заради поделба.
7 Мој е Галад, и Мој е Манасија, и Ефрем е крепост на главата Моја, и Јуда е цар Мој.
8 Со Моав се мие Мојата надеж, на Идумеја ке и го подадам обувките Свои, а над Филистејците ке славам победа.'
9 Кој ке ме воведе во урепениот град? Кој ке ме доведе до Идумеја?
10 Зар не Ти, Боже, Кој не отфрли? И нема веке да излегуваш, Боже, со нашите војски?
11 Помогни ни во маката, зашто од човекот нема спасение.
12 Со Бога ке бидеме силни, Он ке ги уништи нашите мачители.