Псалми. Chapter 6
1 Господи, не ме карај во јароста Своја и не казнувај ме во гневот Свој.
2 Смилуј се на мене, Господи, оти сум немокен; исцели ме, Господи, бидејки коските мои се потресени;
3 и душата моја е возбудена. А Ти, Господи до кога?
4 Обрни се, Господи, избави ја душата моја, спаси ме поради милоста Своја,
5 бидејки мртвите не Те спомнуваат Тебе; во пеколот кој ке Те слави Тебе?
6 Се уморив воздивнувајки; секоја нок го навлажнувам леглото мое, со солзи свои ја натопувам постелата моја.
7 Од скрб ми се помрачи окото мое, остарев поради сите мои непријатели.
8 Отстапете од мене вие сите, кои вршите неправда, оти Господ го чу гласот на мојот плач.
9 Господ ја чу молбата моја, Господ ке ја прими молитвата моја.
10 Нека се посрамат и уплашат сите мои непријатели; да се повратат и веднаш да се засрамат.