Псалми. Chapter 72

1 Боже, дај му го на царот Својот суд, а на царевиот син - Својата правда,
2 за да им суди праведно на Твоите лу е и на сиромасита Твои по правда.
3 Горите нека им донесат мир на лу ето, и ритчињата - праведност,
4 Он ке им суди на бедните ме у лу ето, и ке ги спаси синовите на сиромасите, а клеветникот ке го понизи.
5 И ке живеат, додека постои сонцето и месечината - од род во род.
6 И ке слезе како дожд на ливада, како капки што наросуваат земја.
7 Во Негово време ке зацари правда, и ке има изобилен мир се додека не се одземе месечината.
8 И ке владее од море до море и од реката до краиштата на земјата.
9 Пред Него ке паднат ничкум Етиопјаните, и непријателите Негови ке ја лижат прашината;
10 царевите на Тарсис и островјаните дарови ке му принесуваат; и царевите на Арабија и од Саба дарови ке му донесуваат.
11 И ке Му се поклонуваат сите цареви; ке Му служат сите народи;
12 зашто Он ке избави беден од силник и сиримав, кој нема помошник.
13 Kе го поштеди бедниот и сиромавиот и ке го спаси животот на сиромасите;
14 од лихви и неправди ке ги избави душите нивни, и чесно ке биде името нивно пред Него;
15 и Он ке поживее, па ке му даваат арабиско злато; и ке Му се молат непрестајно, секој ден ке Го благословуваат;
16 Kе има тврдина на земја, по врвовите на горите; плодот Негов ке се издига над Ливан, а во градовите лу ето ке се размножуваат како тревата по земјата,
17 Неговото име нека биде благословувано вечно: уште пред сонцето Неговото име постои; и во Него ке бидат благословени сите земни премиња, а и сите народи ке Го ублажуваат.
18 Нека е благословен Господ Бог, Бог Израилев, Кој само Он прави чудеса;
19 и нека е благословено Неговото славно име довека, и со славата Негова нека се исполни целата земја! Амин и амин!
20 Завршија молитвите на Давида, Јесеевиот син.