Псалми. Chapter 73

1 Колку е добар Бог кон Израилот, кон оние што се со чисто срце!
2 А нозете мои за малку не потклекнаа, за малку чекорите мои ке станеа несигурни, -
3 зашто им позавидев на беззакониците, гледајки како мирно живеат грешниците,
4 оти не страдаат се до самата смрт, и цврстина им е во бичот.
5 во човечките работи не учествуваат и невољите на другите лу е нив не ги засегаат.
6 Затоа гордоста владее со нив; се облекле во неправда и нечестие;
7 неправдата им излегува како од сало, и му угодуваат на срцето;
8 се подбиваат и лукаво зборуваат, за неправдата гордо говорат;
9 ја креваат устата кон небото, а јазикот нивни ја обиколува земјата.
10 Затоа народот Мој ке се врати ваму, и своите денови ке ги најде исполнети.
11 И рекоа: 'Како дозна Бог, и има ли знаење во Севишниот?'
12 Ете, такви се грешниците и успеваат вечно да го држат богатството.
13 И си реков: зар залудо го држев срцето свое во праведност и во невиност ги измив рацете свои.
14 и се изложував на напријатности секој ден и на срам секое утро?
15 Но ако речев: ке расудувам и јас така, - тогаш ке го изневерев родот на Твоите синови.
16 И сакав тоа да го разберам, но тоа беше тешко за мене
17 се додека не влезам во Божјото светилиште и не го разбрав нивниот крај.
18 И така, заради подмолноста нивна дозволи да ги снајде зло, и ги понизи кога се возгордееја.
19 Како запустеа, како нејнадејно изчезнаа и загинаа поради своето беззаконие!
20 Како сон кога човек се разбудува, така во градот Твој, Господи, образот нивни уништи го.
21 Зашто срцето мое се разгоре и утробата моја се измени.
22 А јас поразен и не разбрав, како добиче бев пред Тебе.
23 Но Јас сум секогаш со Тебе: Ти ми ја придржуваш десницата моја,
24 ме упати со советот Свој и ме прими во Твојата слава.
25 Кого Го имам јас на небото освен Тебе? А кога сум со Тебе на земјата ништо не барам.
26 Изнемоште срцето мое и телото мое; Боже на срцето мое и наследството мое, Боже, довека.
27 Зашто, ете, оние, што се оддалечуваат од Тебе, пропа аат; Ти го истребуваш секого, кој отстапува од Тебе.
28 А мене ми е добро да сум со Бога, на Господа ја полагам надежта моја, за да ги вознесувам сите похвали Твои кај портите на керката Сионова.