Псалми. Chapter 71
1 На Тебе Господи, се надевам, да не останам посрамен вечно.
2 Избави ме поради праведноста Своја и очисти ме; приклони го увото Свое кон мене и спаси ме.
3 Биди ми Бог заштитник, изведи ме на место сигурно - зашто Ти си моја крепост и мое прибежиште.
4 Боже мој, избави ме од рацете на грешникот, од рацете на престапникот и насилникот,
5 зашто Ти си моја надеж, Господи, моја сигурност од младоста моја.
6 За Тебе цврсто се држам од ра ањето мое; Ти си мој покровител од мајчината ми утроба; за Тебе вечно ке пеам.
7 За многумина бев како некое чудо, но Ти си мојот силен помошник.
8 Нека се исполни устата моја со похвала, па со песна да ја величам славата Твоја; и цел ден да пеам за Твоето велелепие.
9 Не отфрлај ме на старост, кога ке почне силата моја да исчезнува, не напуштај ме,
10 зашто непријателите мои зборуваат против мене; и оние, кои ја демнат душата моја, се договараат ме у себе,
11 велејки: 'Го остави Бог; гонете го и фатете го, зашто нема кој да го избави'.
12 Боже мој, не се оддалечувај од мене; Боже мој, побрзај ми на помош!
13 Да се посрамат и да исчезнат оние што ја клеветат душата моја; да поцрвенат и се засрамат оние, што ми сакаат зло.
14 Јас, пак, секогаш ке се надевам на Тебе и ке Те восхвалувам се повеке.
15 Устата моја ке ја разгласува Твојата правда, и секој ден спасението од Тебе, зашто не им го знам бројот.
16 Kе влезам во силата Господова; Господи, ке ја спомнувам Твојата правда - само Твојата.
17 Боже, Ти ме поучуваше од младоста моја, и јас се досега ги објавував чудесата Твои.
18 И во староста, па и кога ке престареам, Боже, не напуштај ме, за да ја објавувам мишката Твоја, силата Твоја и правдата Твоја на сегашниот род и на идниот,
19 силата Твоја и правдата Твоја, Боже, дури до вишното небо, и за делата Твои со кои си ме возвеличил, Боже, кој е сличен на Тебе??
20 Колку големи и тешки маки ми прати, но Ти пак ме оживуваше, кога Ти се обракав, и пак ме изведуваше од земните длабини.
21 Зголемувајки ги Своите добрини и свртувајки се кон мене, ме утешуваше и, пак ме изведуваше од земните бездни.
22 И јас ке ја славам ме у лу ето на харфа Твојата вистина, Боже мој; ке Те воспевам на гусла, Светецу Израилев!
23 Kе се радува устата моја, кога ке Ти пеам, и душата моја, која си ја избавил.
24 И јазикот мој секогаш ке зборува за Твојата правда, кога ке поцрвенеат и ке се засрамат оние, кои ми пожелуваа зло.