Псалми. Chapter 79

1 Боже, незнабожците дојдоа во Твоето наследство, го осквернија светиот Твој храм, Ерусалим го претворија во урантини.
2 Мртвите тела на Твоите слуги им ги дадоа како храна на птиците небесни, а телата на Твоите светии - на земните sверови;
3 ја пролија нивната крв како вода околу Ерусалим, и немаше кој да ги погребе.
4 Станавме за потсмев на соседите наши, срам и подбив за оние што се околу нас;
5 До кога, Господи, ке се разгневуваш постојано, до кога ке гори лутината Твоја како оган?
6 Излеј го гневот Свој врз народите, што не Те познаваат, и врз царствата, кои не го признаваат името Твое,
7 зашто тие го испојадоа Јакова и местото негово го опустошија.
8 Не спомнувај ги нашите поранешни беззаконија, туку побрзај да не престретнеш со Својата милосрдност, зашто многу сме осиромашени.
9 Помогни ни, Боже, Спасителе наш, поради славата на името Твое, избави не и очисти не од гревовите наши заради името Твое!
10 Зашто незнабожците да велат: 'Каде е нивниот Бог?' Барем пред очите наши да ја видиме одмаздата над незнабожците за пролеаната крв на Твоите слуги.
11 Да дојде пред Тебе офкањето на окованите; со силата на Твојата мишка зачувај ги синовите осудени на смрт.
12 Седумкратно врати ги во пазувите на нашите соседи хулењата, со кои Те хулеа Тебе, Господи.
13 А ние, пак, народот Твој и овци од Твоето пасиште, вечно ке Те славиме и од род во род ке разгласуваме за Тебе похвала.