Псалми. Chapter 74
1 Зошто Боже, не отфрли засекогаш? Зошто гневот Твој се разгоре на овците од Твоето пасиште?
2 Сети се на Твојот народ, кого уште од порано го придоби, ги избави со жезалот како наследсто Твое, тоа е гората Сионска, на која си се населил.
3 Крени ги рацете Свои против нивната крајна гордост, против сите зла што непријателот ги направи во светилиштето Твое.
4 И се пофалија Твоите непријатели среде празникот Твој; поставија свои бојни знаци како знамиња, но не ги познаа.
5 зашто горе при влезот многу ги имаше,
6 па како во густа горичка со секира ја исекоа нејзината врата, со секира и дрвен чекан одеднаш ја скршија;
7 го запалија со оган Твоето Светилиште, го осквернија на земјата местото, на кое името Твое престојува.
8 Регоа во срцата свои оние што беа сродни на нив: 'Ајде да отстапиме од сите Божји празници на земјата!
9 Знаците свои не ги гледаме, нема повеке ни пророк, и за нас нема веке да се знае.'
10 До кога, Боже, ке се гордее над нас непријателот? Вечно ли противникот ке го дразни името Твое?
11 Зошто ја одвракаш раката Своја и десницата Своја во пазувите Свои ја држиш?
12 Но Бог е Царот наш уште од пред вековите, Он приготвил спасение среде земјата!
13 Боже, со силата Своја Ти си ги утврдил морињата, и ги сотре главите на водните страшила.
14 Ти и ја здроби главата на змијата и им ја даде како храна на народот етиопски.
15 Ти ги отвори изворите и потоците, ти ги исуши реките итамски.
16 Твоје е денот и Твоја е нокта: Ти си ги постави светилата и сонцето;
17 Ти ги создаде сите предели на земјата, летото и пролетта Ти ги определи.
18 Сети се сепак на ова; непријателот го навреди Господа; лу е безумни го раздразнија Твоето име.
19 Не прадавај ја на sверовите душата на оние кои се надеваат на Тебе; не заборавај ги засекогаш душите не сиромасите Твое.
20 Погледај на Својот завет, зашто сите мрачни домови по земјата се исполнија со беззаконици;
21 Да не се врати посрамен потиснатиот; сиромавиот и бедниот ке го прославуваат Твоето име.
22 Стани Боже, по правдата Своја пресуди; сети се како секој ден Те хули безумникот.
23 Не заборавај го гласот на оние кои Ти се молат; гордоста на оние што Те мразат постојано се крева против Тебе.