Псалми. Chapter 75

1 Kе Те фалиме Тебе, Боже, ке Те фалиме, и ке го призиваме името Твое.
2 Kе ги разгласувам Твоите чудеса кога ке дојде време; ке судам по правда.
3 Kе се заниша земјата и сите, што живеат на неа. Но Јас ги зацарив столбовите нејзини.
4 Им реков на оние, што вршат беззаконија: не отстапувајте од законот, и на грешниците: не дигајте рог,
5 не кревајте го високо вашиот рог, не говорете против Бога неправда,
6 зашто издигањето не доа а ни од исток, ни од запад, ниту, пак, од пустите гори;
7 но Бог е судија: едни унижува, а други возвисува.
8 Зашто чашата е во раката на Господа, со вино немешано, добро, и Он налева од неа по ред, но талогот нема да се источи; од него ке пијат сите грешници на земјата.
9 Јас, пак, вечно се радувам, ке Му пеам на Јакововиот Бог,
10 ке го скршам рогот на сите грешници, а рогот на преведниците ке се возвиси.