Псалми. Chapter 78
1 Внимавајте лу е Мои на законот Мој, нека чуе увото ваше што зборува устата Моја.
2 Ја отворам устата своја за парабола и ке зборувам за непознатите работи од старо време.
3 Се чувме и дознавме и што ни раскажуваа татковците наши,
4 не остана сокриено од нивните деца, зашто на идниот род му се раскажуваше славата на Господа и силата Негова, и чудесата Негови што Он ги изврши.
5 Он подигна сведоштво во Јакова и положи закон во Израилот, и им заповеда на татковците наши сето тоа да им го објават на децата свои,
6 за да знае идниот род, децата, што ке се родат, та и тие во свое време да им раскажуваат на своите деца,
7 да ги полагаат надежите свои на Бога, да не ги забораваат делата Божји, да ги чуваат Неговите заповеди
8 и да не бидат како татковците нивни - род упорен и бунтовен, непостојан по срце и не му остана верен на Бога со духот свој.
9 Синовите Ефремови, вооружени, стрелајки со лакови, отстапија во денот на битката:
10 тие не го запазија заветот на Бога и не сакаа да одат по Неговиот закон.
11 Ги заборавија Неговите добрини и чудеса, што им ги беше покажал,
12 чудесата што пред очите на нивните татковци ги направи во Египетската земја, во полето Танеос;
13 го раздвои морето и ги преведе преку него, и ги постави водите како мев;
14 дење ги водеше со облак, а по цела нок - со огнена свтлина;
15 разби карпа во пустињата и ги напои како од голема бездна.
16 Од карпата изведе вода, и води потекоа како реки.
17 Но ти е продолжуваа и понатаму да грешат пред Него и да Ги огорчуваат Севишниот во пустињата:
18 го искушуваат Бога со срцето свое, барајки храна за своите души,
19 па го нападнаа Бога, велејки 'Може ли Бог да приготви трпеза во пустиња?'
20 Ете, Он удри во карпата - и бликнаа води, потекоа потоци. Може ли Он да му даде и леб, може ли да му приготви трпеза на Својот народ?
21 Поради ова што го чу, Господ ги презре и пламна во гнев, и оган се разгоре против Јакова и гнев се крена против Израилот,
22 затоа што не поверуваа во Бога и не се надеваат на спасението од Него.
23 Он им заповеда на облаците одозгора и се отворија вратите на небесата,
24 па ги одожди со мана за храна, и им даде леб небесен.
25 Леб ангелски јадеше човекот: Он им испрати храна до наситување.
26 Го раздвижи од небото јужниот ветар и со силата Своја го дотера југозападниот ветар,
27 па ги одожди со месо како со прав и со птици пернати како со песок морски:
28 ги нафрла среде нивниот табор, околу нивните живеалишта,
29 и тие јадеа и се заситија: и тоа што го сакаа, им го даде.
30 Но уште не беше милана нивната желба, и храната уште им беше во устата нивна,
31 а гневот Божји дојде врз нив, ги уби нивните најсилни и Израилевите момчиња ги погуби.
32 При сето тоа тие продолжуваа да грешат и не поверуваа во чудесата Негови.
33 И така им минеа дните нивни во суета и годините нивни во смутови.
34 Кога ги убиваше, тогаш Го бараа, се обрнуваа и прибегнуваа кон Бога,
35 и се секаваа дека Бог е нивни помошник и дека Севишниот Бог е нивни избавител:
36 и со устата своја Го мамеа, а со јазикот свој лажеа пред Него;
37 но срцето нивно не Му беше наполно верно, и тие не беа цврсти во заветот Негов.
38 Но Он, Милостивиот, им го простуваше гревот и не ги истребуваше, многупати ја отстрануваше јароста Своја и не го разгоруваше сиот Свој гнев:
39 но Он знаеше дека се тие тело и здив што оди и не се врака.
40 Колкупати Го беа загорчувале во пустињата и Го беа разгневувале во безводната земја!
41 И отстапуваа и одново Го искушуваа Бога и Го раздразнуваа Светецот Израилев;
42 не се секаваа на Неговата рака, ни на денот кога Он ги избави од оној, што ги оскрбуваше;
43 кога ги покажа во Египет Своте знаци и во полето Тенеос - Своите чудеса;
44 и ги претвори реките нивни и потоците нивни во крв, за да не можат да пијат;
45 испрати на нив бубачки да ги боцкаат и жаби да ги погубуваат;
46 житото нивно го предаде на гасеници и трудот нивни на скакулци;
47 лозјата им ги исчука со град и смоквите нивни - со слана.
48 и добитокот нивни го уништи со град, а имотот нивни - со оган;
49 го испрати врз нив гневот на јароста Своја, јарост, и гнев, и маки - одред зли ангели;
50 го отвори патот на Својот гнев, не ги поштеди од смрт ни душите нивни и добитокот нивни го предаде на помор;
51 уништи се што беше првородено во Египет, привините од нивниот труд во Храмовите населби.
52 Тогаш го поведе Својот народ како овци, и ги водеше како стадо преку пустињата:
53 ги водеше сигурно, и тие не се уплашија; непријателите нивни ги покри морето -
54 и Ги воведе во светата Своја гора, онаа, која десницата Негова ја беше придобила;
55 и ги изгони од пред лицето нивно народите, а земјата им ја раздели со жреб во нивно наследство, и ги насели Израилевите колена во полињата нивни.
56 Но Ти го искушуваа и Го огорчуваа Бога Севишниот и не ги пазеа наредбите Негови.
57 Отстапија и се оттргнаа како татковците нивни, се претворија во искривен лак.
58 Го разгневуваа на ридовите свои и со своите идоли Го раздразнуваа.
59 Бог го чу тоа, ги презре и многу го понизи Израилот;
60 ја отфрли скинијата во Силом, во која се всели Он ме у лу ето;
61 и ја предаде во ропство нивната крепост и убавината нивна во рацете на непријателот;
62 па го предаде Својот народ на меч и го презре Своето наследство.
63 Момчињата нивни оган ги голташе, и за девиците нивни немаше брачни песни;
64 свештениците нивни па аа од меч, и вдовиците нивни не беа оплакувани.
65 Тогаш се разбуди Господ како од сон, како јунак од вино совладан,
66 и го порази непријателите Свои од зад грб и ги предаде на вечен срам.
67 И го отфрли Јосифовиот шатор и не го избра коленото Ефермово,
68 туку го избра коленото Јудино, гората Сион, која ја возљуби.
69 И изгради светилиште Свое како небото и како земјата го утврди за секогаш,
70 и го избра Давида својот слуга, го зеде од овчите стада,
71 и од овците што се јагнат го доведе за да го пасе народот Негов, Јакова, и Израилот, наследството Негово.
72 И Он ги пасеше со чисто срце и ги водеше со Својата мудра рака.