Псалми. Chapter 17
1 Услиши ја, Господи, правдата моја, чуј го гласот на молбата моја, прими ја молитвата моја што не излегува од лажлива уста.
2 Од Твоето лице нека излезе судот за мене; очите мои нека ја видат вистината.
3 Ти го искуша срцето мое, ме посети ноке; со оган ме провери и не нејде неправда во мене.
4 Човечки дела нека не зборува устата моја; поради зборовите на устата Твоја чекорев по патиштата тешки.
5 Утврди ги стапките мои на патиштата Твои, за да не ослабнат нозете мои.
6 Кон Тебе викам, зашто Ти ке ме чуеш, Боже; приклони го увото Свое кон мене, и чуј ги зборовите мои.
7 Покажи ја чудесната милост Твоја, Ти, кој ги избавуваш оние што се надеваат на Тебе - од оние што се противат на Твојата десница.
8 Пази ме како зеница на окото; засолни ме под сенката на Твоите крила,
9 од лицето на нечестивите, кои ме напа аат - од непријателите на душата моја, што ме опкружуваат:
10 тие срцето свое го затворија, наоколу со устата своја - гордо зборуваат.
11 Гонејки ме, сега ме опколуваат; тие ги управија очите свои, за да ме соборат на земја;
12 тие се како лав, подготвен за лов и како лавче, кое стои во потајни места.
13 Стани, Господи, пресретни ги и обори ги; спаси ја душата моја со Својот меч од нечестивиот;
14 од оние, Господи, кои ги има малку на земјата - раздели ги во нивниот живот, и од она што е сокриено Твое ке се наполни стомакот нивни; откако се наситија синовите нивни, од вишокот оставија и за децата свои.
15 А јас пред лицето Твое ке се покажам во правда, ке се наситам кога ке ми се покаже славата Твоја.
1 Славете Го Господа, зашто е добар, зашто е вечна милоста Негова!
2 Така да велат избавените од Господа, оние што ги избавил од непријателска рака.
3 И ги собра од земјите, од исток и од запад, од север и од морето.
4 Тие скитаа по безводната пустиња и нигде пат ниту населен град не најдоа;
5 трпеа глад и жед, душата им ослабна во нив,
6 но во жалоста своја Го повикаа Господа, и Он ги избави од нивните невољи
7 и го поведе по правиот пат, за да одат кон населен град.
8 Нека Го слават Господа за милоста Негова и за чудесата Негови што им ги направи на синовите човечки:
9 зашто Он ја насити гладната душа, и душата гладна ја исполни со блага.
10 Тие седеа во темнина и смртна сенка, оковани со сиромаштија и железо;
11 бидејки не се покорија на зборовите Божји и се притивеа на вољата на Севишниот.
12 Он го понизи нивното срце во мака, се сопнаа, и немаше кој да им помогне.
13 Тогаш во тагата своја повикаа кон Господа, и Он ги спаси од маките нивни;
14 ги изведе од темнината и смртната сенка и ги раскина оковите нивни,
15 Нека го слават Господа за милоста Негова и за Неговите чудесни дела кон синовите човечки,
16 зашто Он ги здроби бакарните порти и ги скриши железните резиња.
17 Неразумните страдаа поради своите лоши патишта и поради неправдите свои!
18 Од секоја храна им се одвракаше душата, и се приближија до вратата на смртта.
19 Но во тагата своја повикаа кон Господа, и Он ги спаси од невољите нивни;
20 го испрати Своето слово, ги излекува и ги спаси од пропаст.
21 Нека Го прославуват Господа за милоста Негова спрема синовите човечки!
22 Нека Му принесуваат похвална жртва и нека ги разгласуваат делата Негови со радост.
23 Оние што тргнуваат по море на кораби, што имаат работа по големите води -
24 тие ги гледаат делата на Господа и чудесата Негови во длабочините.
25 Он рече - и настана бурен ветер и високо ги издигна морските бранови;
26 се издигаа до небесата, слегуваа до бездната; нивната присебност се губи во невољата;
27 тие се збунуваат, се нишаат како пијани, и сета нивна мудрост им исчезнува.
28 Тогаш во скрбта своја повикаа кон Господа, и Он ги изведе од маките нивни.
29 И и заповеда на бурата и таа се претвори во тивок ветрец и брановите молкнаа.
30 Тие се развеселија, зашто стивнаа, а Он ги упати кон нивното сакано пристаниште.
31 Нека Го прославуваат Господа за милоста Негова и за Неговите чудесни дела спрема синовите човечки!
32 Нека Го возвеличуваат со собранието народно и нека Го слават во советите на старешините!
33 Он создава реки во пустиња, и водни извори - на суви места,
34 земја плодородна - во солница, поради злобата на оние што живеат во неа.
35 Он превори пустиња во езеро, а сува земја - во земја - со водни извори;
36 таму насели гладни, а тие изградија град за живеење;
37 засеаја ниви, насадија лози, и тие им даваат свои плодови.
38 Он ги благословуваше, и тие многу се размножуваа, и добитокот нивни Он не им го намалуваше.
39 Тие беа проредени и пострадаа од притисокот на злото и од невољата.
40 Он изли бесчестие над кнезовите и ги остави да скитаат по пустињата, каде што нема патишта.
41 Но бедниот го извлекува од сиромаштија, го умножува родот негов како овчо стадо.
42 Праведните го гледаат тоа и се радуваат, а секоја нечесност си ја затвора устата своја.
43 Кој е мудар и го пази ова, ке ја разбере милоста Господова.