Псалми. Chapter 96

1 Запејте Му на Господа песна нова, запеј Му на Господа, цела земјо!
2 Пејте Му на Господа, благословувајте го името Негово, благовестите го од ден на ден спасението од Него;
3 разгласувајте ја ме у народите славата Негова, и на сите народи - чудесата Негови;
4 зашто велик е Господ и достоен за пофалба, страшен е Оне над сите богови.
5 Бидејки сите богови на незнабожците се бесови, а Господ го создаде небото.
6 Слава и величие се пред лицето Негово, светост и великолепие - во светилиштето Негово.
7 Воздајте Му на Господа, племиња народни, воздајте Му слава и чест;
8 воздајте Му на Господа слава на името Негово, земете жртви и влезете во неговите дворови;
9 поклонете Му се на Господа во светите дворови Негови. Да затрепери пред лицетео Негово целата земја!
10 Кажете им на народите: Господ се зацари! затоа цврста е вселената, нема да се разниша.
11 Нека се развесели небото и да се возрадува земјата, нека се раздвижи морето и она што го исполнува;
12 нека се радуваат полињата и се што е на нив, да ликуваат сите дрвја по дубравите,
13 пред лицето на Господа, зашто иде, зашто Он иде да и суди на земјата. Он ке и суди на вселената по правда, и на народите - според Својата вистина.