Псалми. Chapter 95
1 Дојдете да се возрадуваме во Господа и да воскликнеме кон Бога, Спасителот наш;
2 да побрзаме пред лицето Негово со славословие, и со псалми да Му воскликнеме,
3 зашто Бог е велик Господ и Цар голем по целата земја.
4 Зашто во Неговите раце се сите краишта на земјата, а горските височини се исто така Негови.
5 Бидејки Негово е морето, и Он го создаде, а рацете Негови го создадоа и сувото.
6 Дојдете, да Му се поклониме и да паднеме ничкум, да заплачеме пред лицето на Господа, нашиот Творец;
7 зашто Он е Бог наш, а ние сме народ од Неговото пасиште и овци од Неговите раце. О, денес да бевте го послушале Неговиот глас!
8 'Не ожесточувајте ги срцата ваши, како во Мерива, во деновите на искушението во пустињата,
9 каде што Ме искушуваа вашите татковци, Ме испитуваа и ги видоа делата Мои.
10 Четириесет години негодуваа против тој народ и реков: овие лу е се заблудуваат во срцето свое и не ги познаа патиштата Мои,
11 па затоа се заколнав во гневот Свој, дека тие нема да влезат во Мојот мир.'