Псалми. Chapter 98

1 Запејте Му на Господа нова песна, зашто создаде чудесни работи, Неговата десница, Му помогна и Неговата света мишка.
2 Господ го објави Своето спасение, пред очите на народите ја откри Својата правда.
3 Се присети Он за својата милост кон Јакова и на вистината Своја кон домот Израилев; сите краишта земи го видоа спасението од Нашиот Бог.
4 Воскликни Му на Господа, цела земјо; запеј, радуј се и пеј;
5 пејте Му на Господа со гусли, со гусли и со глас псаломски;
6 во труби ковани и во труби од рог затрубете пред Царот - пред Господа.
7 Нека шуми морето и се она што го исполнува: вселената и сите што живеат во неа;
8 да заплескаат со раце реките и заедно со горите да се зарадуваат пред лицето на Господа!
9 зашто Он доа а да и суди на земјата. Он ке и суди на вселената по правда и народите - правично.