Псалми. Chapter 19
1 Небесата ја објавуваат славата на Бога, а за делата на рацете Негови известува сводот небески.
2 Ден на денот објавува, и нок на нокта знаење открива.
3 Нема јазик, ниту, пак говор, во кон не се слуша нивниот глас.
4 Нивниот звук се разнесува по целата земја, а нивните зборови до краиштата на вселената. На сонце го поставил Своето живеалиште;
5 и излегува како младоженец од брачното легло, се радува како исполин, минувајки по патот свој:
6 од крајот на небесета е излезот негов, и патувањето негово до другиот крај; ништо не е сокриено од топлината негова.
7 Непорочен е законот на Бога - душите ги укрепува; верно е откровението на Господа - ги учи припростите,
8 и Господовите повелби се праведни - го веселат срцето; Господовата заповед зрачи светлина; ги просветлува очите.
9 Стравот Господов е чист - пребива довека; судовите Господови се вистина - сите се праведни;
10 поскапи се од злато и од скапоцени камења - послатки се од восочен мед.
11 Слугата Твој ги пази; а кој ги пази голема награда добива.
12 Кој може да ги согледа своите грешки? И од оние тајни очисти ме,
13 и од ту ите запази го слугата Твој, за да не овладеат со мене. Тогаш јас ке бидам непорочен и ке бидам очистен од големите престапи.
14 Зборовите на устата моја и помислите на срцето мое нека бидат благоугодни пред Тебе, Господи, помошнику мој и избавителе мој!
1 Боже, похвало моја, не премолчувај,
2 зашто против мене се отворени грешни и лукави усти; зборуваат со лажлив јазик против мене;
3 отсекаде ме опкружуваат со злобни зборови, и без причина се собираат против мене;
4 место да ме сакаат, тие стануваат против мене, а јас се молев;
5 ми вракаат зло за добро, омраза - за љубов.
6 Постави над него грешник, и аволот да застане десно од него.
7 Кога ке му се суди, нека биде осуден, и молитвата негова да се прими за грев;
8 дните негови да бидат кратки, а неговото достоинство друг да го земе;
9 децата негови да останат сираци, а жената му - вдовица;
10 децата негови да скитаат и да стана просјаци, изгонети надвор од своите домови.
11 заемодавецот да му земе се што има, и ту инци да го разграбаат трудот негов;
12 нека нема кој да го заштити, да нема и кој да се смили над сираците негови;
13 потомството негово да загине, и да се избрише името негово во следниот род;
14 да биде спомнато пред Господа безаконието на татковците негови, и гревот на мајка му да не се очисти;
15 тие секогаш да бидат пред очите на Господа, и да се избрише споменот нивни на земјата.
16 Зашто не помислил да прави милостиња, туку ги гонеше бедните, сиромасите смирените по срце, за да ги уништи;
17 засакал клетва, - па таа нека го постигне: не посакал благослов, - тој нека се оддалечи од него;
18 нека се облече во клетва како во облека; и таа нека влезе во него како вода, и како елеј - во неговите коски;
19 та да му биде како облека, во која се облекува, и како појас, со кој секогаш се опашува.
20 Таква нека биде отплатата од Господа на оние што ме мразат и на оние што лошо зборуваат против душата моја.
21 А мене, Господи, Господи, заштити ме заради Твоето име, зашто е блага милоста Твоја; избави ме,
22 оти сум беден и сиромав, и срцето мое во мене е збунето.
23 Исчезнував како сенка што се оддалечува; ме гонат како скакулец.
24 Колената ми изнемоштија од пост, а телото мое поради недостиг од масло.
25 Им станав за потсмев; оние што ме гледаат, нишаат со главите свои.
26 Помогни ми, Господи, Боже мој, спаси ме поради Твојатао милост.
27 и да разберат дека е тоа Твојата рака и дека, Ти, Господи, си го направил тоа.
28 Тие проколнуваат, а Ти, пак, благослови; и оние што стануваат против мене нека бидат посрамени, а Твојот слуга да се зарадува.
29 Нека се облечат во бесчестие противниците мои и како со облека да се покријат со својот срам,
30 и јас со устата моја многу ке го славам Господа и ме у мнозина ке Го прославувам,
31 зашто застана од мојата десна страна. За да ја спаси мојата душа од оние што ме гонат.