Псалми. Chapter 122
1 Се зарадував кога ми рекоа: 'Kе одиме во домот Господов.'
2 Ете, нозете наши стоеја во твоите дворови, Ерусалиме, -
3 Ерусалим, кој е изграден како град, излиен во една целина,
4 Таму се искачуваа племињата, Господовите племиња, сведоштвото Израилево, за да се исповеда името Господово.
5 Зашто таму се поставија престолите судиски, престолите на домот Давидов.
6 Барајте мир за Ерусалим и нека им биде добдро на оние, кои те сакаат!
7 Нека има мир околу sидовите твои и изобилие во кулите твои.
8 Поради браката мои и блиските мои зборував за мир во тебе!
9 Заради домот на Господа, нашиот Бог, ти пожелувам добро.