Псалми. Chapter 123
1 Ги кревам очите мои кон Тебе, Кој живееш на небесата.
2 Ете, како што се очите на слугите свртени кон рацете на господарите нивни, како очите на слугинката - кон раката на господарката нејзина, така и нашите очи гледаат кон Господа, нашиот Бог, се додека не се смилува.
3 Смилуј се на нас, Господи, смилуј се, зашто многу сме понизени со презир;
4 зашто се преполни душата наша од навреди на силните и од понижување на горделивите.