Псалми. Chapter 121
1 Ги кренав очите кон горите; од каде помош ке ми пристигне?
2 Мојата помош е од Господа, Кој ги создаде небото и земјата.
3 Он нема да дозволи да се помести ногата твоја; нема да задреме Оној, Кој те пази;
4 не дреме и не спие Оној, Кој го пази Израилот.
5 Господ е Твој чувар; Господ е твоја закрила од кај твојата десна рака.
6 Сонцето дење нема да те гори, ниту месечината ноке ке ти штети.
7 Гопсод ке те запази од секакво зло и ке ја чува душата твоја.
8 Господ ке го пази излегувањето твое и влегувањето твое отсега и довека.