Псалми. Chapter 129
1 Многумина се бореа против мене уште од младоста моја - нека каже Израилот.
2 многупати војуваа против мене од младоста моја, но не ме совладаа.
3 На плешките мои грешниците дејствуваа, продолжувајки со своето беззаконие.
4 Но Господ праведен ги расече јажињата на грешниците.
5 Нека се засрамат и нека свртат назад сите, кои го мразат Сион!
6 Нека бидат како тревата на покрив, која се исушува пред да биде истргната.
7 со која жетварот нема да ја исполни раката своја, ни прегратката своја оној што ја врзува во снопови.
8 А минувачите не рекоа: 'Благословение Господово на вас; ве благословуваме во името на Господа!'