Псалми. Chapter 124
1 Да не беше Господ со нас, - нека каже Израилот, -
2 да не беше Господ со нас, кога лу ето се кренаа против нас, -
3 живи ке не проголтаа, кога пламна нивната јарост против нас;
4 вода ке не потопеше, поток ке го однесеше животот наш;
5 бурна вода ке ја однесеше нашата душа.
6 Нека е благословен Господ, Кој не не прададе во плен на нивните заби.
7 Душата наша се избави како птица од примка на ловци: примката се скина, а ние се избавивме.
8 Помошта наша е во името на Господа, Кој го создаде небото и земјата.