Псалми. Chapter 125
1 Кои се надеваат во Господа, тие се како гората Сион; кој живее во Ерусалим, нема да се поколеба, ке живее вечно.
2 Околу Ерусалим има гори, а Господ е околу својот народ отсега и засекогаш.
3 Зашто Господ нема да го остави жезлото на грешниците врз земјата на праведните, за да не ги посегаат праведниците рацете свои кон беззаконие.
4 Гопсоди, направи им добро на добрите и на оние со чисто срце.
5 А оние што свртуваат кон крив пат, нив Господ ке ги одведе со оние што вршат беззаконие. Мир на Израилот!