Псалми. Chapter 120

1 Кон Господа повикав во маката своја, и Он ме услиши.
2 Господи, избави ја душата моја од неправедна уста и од јазик лукав.
3 Што ке Ти даде Тебе и што ке Ти придаде лукавиот јазик?
4 Изострени стрели на силник, разгорени со пустински јаглен.
5 Тешко мене, бидејки привремениот престој ми се продолжи, се вселив во шаторите кидарски.
6 Долго живееше душата моја со оние што го мразат мирот.
7 Јас бев мирољубив: но кога им зборував, тие војуваа против мене без причина.