Псалми. Chapter 112
1 Блажен е оној човек, кој се бои од Господа и кому му се мили Неговите заповеди.
2 Неговото потомство ке биде силно на земјата; родот на праведните ке биде благословен.
3 Слава и богатство ке има во неговиот дом; и правдата негова ке преуспева вечно.
4 На праведните во темнина им изгрева светлина од Добриот и Милостивиот.
5 Добриот човек е дарежлив и на заем дава; во судот тој уверливо ке ги потврди зборовите свои;
6 и никогаш нема да се разниша; праведниот останува во вечен спомен.
7 Од лоши гласови нема да се уплаши; срцето му е спремно, зашто се надева во Господа.
8 Срцето му е цврсто: тој нема да се уплаши, кога - годе ке погледне во напријателите свои.
9 Тој растура, дава на сиромаси; правдата негова останува вечно; неговиот рог ке се возвиши во слава.
10 Грешниот, кога ке го види тоа, ке се јадосува, ке крцка со забите свои и ке се топи. Желбата на грешникот пропа а.