Псалми. Chapter 136

1 Славете Го Господа, зашто е добар, зашто е вечна милоста Негова.
2 Славете Го Бога на боговите, зашто е вечна милоста Негова.
3 Славете Го Господа над господарите, зашто е вечна милоста Негова,
4 Единиот Кој прави големи чудеса, зашто е вечна милоста Негова;
5 Кој премудро го создаде небото, зашто е вечна милоста Негова;
6 Кој ја утврди земјата врз водите, зашто е вечна милоста Негова;
7 Единиот Кој ги создаде големите светила, зашто е вечна милоста негова;
8 сонцето - да управува со денот, зашто е вечна милоста Негова;
9 месечината и sвездите - да управуваат со нокта, зашто е вечна милоста Негова.
10 Кој го порази Египет и провородените негови, зашто е вечна милоста Негова;
11 Кој го изведе Израилот од средината нивна, зашто е вечна милоста Негова;
12 со цврста рака и подигната мишка, зашто е вечна милоста Негова;
13 Кој го раздвои Црвеното Море, зашто е вечна милоста Негова;
14 и го преведе Израилот среде него, зашто е вечна милоста Негова;
15 а Фараонот и војската негова ги фрли во Црвеното Море, зашто е вечна милоста Негова.
16 Кој го преведе својот народ преку пустињата, зашто е вечна милоста Негова; Кој пушти вода од шилчеста крапа, зашто е вечна милоста Негова;
17 Кој ги порази големите цареви, зашто е вечна милоста Негова;
18 и ги погуби силните цаерви, зашто е вечна милоста Негова;
19 Сион, царот аморејски, зашто е вечна милоста Негова;
20 и Ог, царот васански, зашто е вечна милоста Негова;
21 и му ја даде земјата во наследство, зашто е вечна милоста Негова.
22 во наследство на Својот слуга, Израилот, зашто е вечна милоста Негова;
23 Кој се секава на нас во нашата смиреност, зашто е вечна милоста Негова;
24 и не избавува од непријателите наши, зашто е вечна милоста Негова;
25 и Кој дава храна на секое тело, зашто е вечна милоста Негова.
26 Славете Го небесниот Бог, зашто е вечна милоста Негова. Хвалете Го Господарот на господарите, зашто е вечна милоста Негова.