Псалми. Chapter 137
1 Крај реките вавилонски - таму седевме и плачевме, кога ке се сетевме на Сион;
2 на врбите, среде Вавилон, ги закачивме нашите харфи.
3 Зашто таму, оние што не заробија и кои не одведоа, побараа од нас радосна песна, велејки ни: 'Пејте ни од песните сионски!'
4 Како да зепееме Господова песна на ту а земја?
5 Ако Те заборавам тебе, Ерусалиме, - нека ме заборави мојата десница,
6 нека се залепи јазикот мој за непцето мое, ако не те помнам, ако не го поставам Ерусалим над секоја моја радост.
7 Сети се, Господи, на синовите Едомови, во денот на Ерусалим, кога тие говореа: 'Разрушете, разрушете го до темелите негови!'
8 Kерко вавилонска, опустошителко, блажен е оној, што ке ти врати за делото што ни го направи!
9 Блажен е ониј што ке ги заграби и ке ги разбие од камен децата твои.