Псалми. Chapter 131

1 Господи, срцето мое не се вознесуваше, ниту очите мои се креваа високо; не копнеев по големи работи ниту по она што е над моите сили.
2 Но се смирував во мислите свои и ја воздигав душата моја како дете кон мајката своја; така возврати и на душата моја.
3 Нека се надева Израилот на Господа отсега и довека.