Псалми. Chapter 139
1 Господи, Ти си ме испитал и ме знаеш.
2 Ти знаеш кога седнувам и кога станувам; Ти оддалку ги разбираш мислите мои.
3 Патеката моја и јажето мое - Ти си ги испитал; сите патишта мои си ги предвидел.
4 Уште зборови не ми дошле до јазикот мој, Ти, Господи, веке ги знаеш:
5 Се што ми било и се што ке биде. Зашто Ти си ме создал и си ја положил раката Своја врз мене.
6 Се восхитувам на Твоето знаење, - тое е превисоко, не можам да му пријдам!
7 каде да одам од Твојот дух, и од лицето Твое каде да побегнам?
8 Ако излезам на небото - Ти си таму; ке слезам ли во пеколот, Ти си и тука.
9 Ако ги земам криљата рано в зори и се преселам на крајот од морето, -
10 и таму ке ме води Твојата рака, Твојата десница ке ме држи.
11 Па си реков: можеби темнина ке ме покрие, но и нокта е како светлина околу мене;
12 но и темнината нема да биде темнина за Тебе; и нокта за Тебе е светла како ден и темнината како светлина.
13 Зашто Ти си ја создал мојата внатрешниот и ме прифати од мајчината ми утроба.
14 Те прославувам затоа што сум чудесно создаден. Прекрасни се Твоите дела; душата моја тоа добро го сознава.
15 Ниедна моја коска не се сокри од Тебе, што си ја создал тајно, и природата моја во длабините на земјата.
16 Твоите очи го видоа зародишот мој и во Книгата Твоја се е запишано за мене, дури и деновите мои се забележани кога уште не постоеше ниеден.
17 Твоите пријатели во голема се чест, Боже, и нивните владенија добро се зацврстени.
18 Kе ги пребројам - но тие се побројни и од песокта; се разбудив и се уште сум со Тебе.
19 Кога би сакал да ги убиеш, Боже, грешниците; иставете се од мене, крвопијци!
20 Ревниви се во помислите свои, суетно се креваат Твоите непријатели.
21 Зар не ги замразив оние. Господи, кои Тебе те мразат, и зар не се изедов поради непријателите Твои?
22 Со полна омраза ги замразив; тие ми станаа непријатели.
23 Испитај ме, Боже, и познај го срцето мое; испитај ме и запознај ги патеките мои;
24 и види дали сум на пат на беззаконија, и упати ме на вечен пат.