Псалми. Chapter 135
1 Фалете го името Господово, фалете го, слуги Господови,
2 вие кои стоите во домот Господов, во дворовите од домот на нашиот Бог.
3 Фалете Го Господа, зашто Господ е добар; пејте му на името Негово, зашто тое е мило;
4 зашто Господ го избра Јакова, Израилот, за свое наследство.
5 Бидејки познав, дека Господ е велик, и дека нашиот Господ е над сите богови:
6 се што посака Господ, создаде на небото и на земјата, во морињата и во сите бездни.
7 доведувајки облаци од краиштата на земјата, молњи при дожд создаде, Он, Кој ги изведува ветровите од скровиштата нивни,
8 Оној, Кој ги порази провородените во Египет од човек до добиток,
9 покажа знаци и чудеса среде тебе, Египте, на Фараонот и врз сите слуги негови,
10 порази многу народи и истреби силни цареви:
11 Сион, царот аморејски, и Ог, царот васански, и сите цареви ханански;
12 и му ја даде нивната земја во наследство на Својот народ, Израилот.
13 Господи, името Твое е вечно; Господи, споменот за Тебе е од род во род.
14 Зашто Господ ке му суди на Својот народ и ке биде милостив над слугите Свои.
15 Идолите на незнабожците се сребро и злато, дело на раце човечки;
16 имаат уста, но не говорат; имаат очи, но не гледаат;
17 имаат уши, но не слушаат, ниту, пак, во устата нивна има здив.
18 Слични на нив нека бидат и оние, кои ги прават, и секој кој на нив се надева.
19 Доме Израилев, благословувај Го Господа. Доме Аронов, благословувај Го Господа!
20 Доме Левиев, благословувај Го Господа! И вие, кои се боите од Господа, благословувајте Го Господа!
21 Нека е благословен Господ од Сион, Кој живее во Ерусалим!