Псалми. Chapter 138

1 Kе Те славам Тебе, Господи, со сето срце свои и ке Ти пеам пред ангелите Твои, затоа што ги услиша сите зборови на устата моја.
2 Се поклонувам пред светиот Твој храм и го славам името Твое за милоста Твоја и за вистината Твоја, зашто го возвеличи името Свое свето над се.
3 Во оној ден кога ке Те призивам, услиши ме брзо, внеси бодрост во душата моја.
4 Kе Те прославуваат, Господи, сите земни цареви, штом ке ги чујат зборовите од Твојата уста,
5 и ке воспеваат за патиштата Господови, зашто е голема славата Господова.
6 Зашто возвишен е Господ: и смирениот го гледа, а горделивиот оддалеку го познава.
7 Кога ке се најдам во тага - Ти живот ми даваш, ја пружаш раката врз јароста на моите непријатели и Твојата десница ме спасува.
8 Господ ке направи што е добро за мене! Твојата милост, Господи, е вечна; делата на рацете Свои не презирај ги!