Псалми. Chapter 130

1 Од дното на душата повикав кон Тебе, Господи.
2 Господи, чуј го гласот мој. Ушите Твои нека го чујат гласот на молењето мое, -
3 Господи, ако гледаш на беззаконијата, - тогаш кој ке се одржи, Господи?
4 Но во Тебе има простување.
5 Заради името Твое, Господи, чекав долго на Тебе, чекаше душата моја на Твојот збор;
6 душата моја се надеваше на Господа: Од утрената стража па до нокната, од утрената стража нека се надева Израилот на Господа.
7 Зашто милоста е во Господа и голем е откупот во Него.
8 И Он ке го избави Израилот од сите негови беззаконија.