Псалми. Chapter 113
1 Фалете Го, слуги Господови, фалете го името на Господа.
2 Нека е благословено името Господово отсекогаш и засекогаш.
3 Од исток до запад нека се прославува името на Господа.
4 Возвишен е над сите народи Господ; Неговата слава е над небесата.
5 Кој е како Господ, нашиот Бог, Кој живее во висините,
6 и Кој со смиреност гледа на небото и на земјата;
7 Кој од прав го издига сиромавиот и од калта го вади бедниот,
8 за да го постави со кнезовите, со кнезовите на народот негов.
9 Кој неплодната ја вселува в куки како мајка, што се радува ме у многуте деца.