Псалми. Chapter 116

1 Се радувам, дека Господ ке го услиши гласот на моето молење,
2 зашто го приклони кон мене Своето уво, и затоа ке Го призивам преку сите мои дни.
3 Смртни болки ме обзедоа, пеколни маки ме стигнаа; се најдов во невоља и мака.
4 Тогаш го повикав името Господово: О, Господи, избави ја душата моја!
5 Милостив е Господ и праведен, и милосрден е нашиот Бог.
6 Господ ги пази слабите: бев во мака и Он ми помогна.
7 Врати се, душо моја, во својот мир, зашто Господ добро ти прави,
8 бидејки душата моај ја истргна од смрт, очите мои - од солзи, и нозете мои - од сопнување.
9 Kе одам со благодарност пред лицето на Господа во земјата на живите.
10 Поверував и затоа реков: во голема мака сум.
11 Во мојата необмисленост си реков: секој човек е лажливец.
12 Што да му дадам на Господа за сите негови добрини што ми ги направи мене?
13 Kе земам чаша на спасение и името на Господа ке го призовам.
14 Заветите ке Му ги упатам на Господа пред целиот Негов народ.
15 Скапа е во очите на Господа смртта на неговите светии.
16 О, Господи, јас сум слуга Твој, јас сум слуга Твој и син на Твојата слугинка. Ти ги скрши моите окови.
17 Тебе ке ти принесам благодарствена жртва;
18 ке ги исполнам заветите мои на Господа пред сиот Негов народ.
19 Во предворјето на домот Господов, посреде тебе, Ерусалиме!