Псалми. Chapter 119

1 Блажени се непорочните во патот нивни, зашто одат според законот Господов.
2 Блажени се оние кои ги пазат сведоштвата Негови и од се срце Го бараат.
3 Оние кои не вршат беззаконие, тие одат по Неговите патишта.
4 Ти заповеда да се пазат Твоите заповеди.
5 О, да се беа управиле моите патишта за да ги чувам Тавоите заповеди!
6 Тогаш немаше да се засрамам, гледајки ги сите Твоие заповеди.
7 Kе Те славам Господи со чисто срце, кога ке ги научам Твоите праведни судови.
8 Kе ги пазам Твоите заповеди; не оставај ме сосема.
9 Како младичот ке го запази во чистота патот свој? - Ако ги пази зборовите Твои.
10 Со сето срце мое Те побарав, не отстранувај ме од Твоите заповеди.
11 Ги сокрив во срцето свое заповедите Твои, за да не грешам пред Тебе.
12 Благословен си Ти, Господи! Научи ме на Твоите наредби.
13 Со устата своја ги разгласив сите судови од устата Твоја.
14 По патот на Твоите сведоштва се насладувам како во секое богатство.
15 Kе размислам за Твоите заповеди и ке го разберам патот Твој.
16 Од наредбите Твои ке се поучувам, нема да ги заборавам Твоите зброви.
17 Покажи милост кон Твојот слуга, и ке живеам и ке ги пазам Твоите зборови.
18 Отвори ги очите мои, и ке ги разберам чудесата од Твојот закон.
19 Придојден сум на земјава, не сокривај ги од мене Твоите заповеди.
20 И копнее душата моја во секое време да ги сака Твоите судови.
21 Им се закани на горделивите; проклети да се оние, кои се отконуваат од Твоите заповеди.
22 Отстрани го од мене прекорот и презирот, зашто ги засакав Твоите сведоштва.
23 Кнезовите седат и ме клеветаат, и Твојот слуга размислува за Твоите наредби.
24 Сведоштвата, пак, Твои се поука моја, а наредбите Твои - советници.
25 Душата моја лежи во прав: оживи ме според зборот Твој.
26 Патиштата мои ги кажав, и Ти ме чу; научи ме на Твоите наредби.
27 Вразуми ме да го разберам патот на Твоите наредби и јас ке размилувам за Твоите чудеса.
28 Душата моја засолзи од тага, зацврсти ме со зборовите Твои.
29 Отстрани го од мене патот на неправдата и помилуј ме со законот Твој.
30 Го избрав патот на вистината, и не ги заборавив Твоите судови.
31 Се приврзав за сведоштвата Твои, Господи: не ме посрамувај.
32 Kе побрзам по патот на Твоите заповеди, кога ке го рашириш срцето мое.
33 Покажи ми го, Господи, патот на Твоите наредби и ке се придржувам за нив до крај.
34 Вразуми ме, и ке се држам за законот Твој и ке го пазам со сето срце свое.
35 Постави ме на патеката на Твоите заповеди, зашто многу ја засакав.
36 Приклони го срцето мое кон Твоите сведоштва, а не кон лакомства.
37 Сврти ги очите мои за да не гледам суета: оживи ме на Својот пат.
38 Во слугата Свој внеси збор Свој за да се бои од Тебе.
39 Отстрани го од мене прекорот, од кој се плашам, зашто Твоите судови се благи.
40 Ете, ги засакав Твоите заповеди: Оживи ме според Својата правда.
41 И нека милоста Твоја, Господи, пријде на мене, и спасение од Тебе според зборовите Твои, -
42 и јас ке им одговорам на оние што ме навредуваат, зашто се надевам на зборовите Твои.
43 Не одземај го сосема од устата моја словото на вистината, зашто јас се надевам на Твоите судови.
44 И ке го чувам Твојот закон засекогаш и во веки веков.
45 Kе одам слободно, зашто ги барам Твоите заповеди.
46 И ке зборувам за сведоштвата Твои пред царевите, и нема да се посрамам;
47 и ке се поучувам на Твоите заповеди, кои многу ги засакав;
48 ке ги протегнам рацете свои кон Твоите заповеди, кои ги возљубив, и ке размислувам за Твоите наредби.
49 Внуши слово кон Твојот слуга, со кое си му дал надеж.
50 Таа ме утешува во невољата моја, оти Твоето слово ме оживува.
51 Горделивите го престапија законот многу, но јас не се остртранив од Твоите закони.
52 Се сетив за Твоите вечни судови, Господи, и се утешував.
53 Тага ме обзема од грешниците што го напуштаат Твојот закон.
54 Наредбите Твои ми беа песна кога патувам во некое место.
55 Ноке го споменувам името Твое, Господи, и го пазам законот Твој.
56 Он стана мој, зашто ги пазам Твоите заповеди.
57 Дел мој си Ти, Господи, - си реков - ке го пазам законот Твој.
58 Му се помолив на лицето Твое од се срце: помилуј ме, според словото Твое.
59 Размислувам за Твоите патишта и ги свртувам нозете мои кон Твоите сведоштва.
60 Се подготвив и не се збунив да ги запазам Твоите заповеди.
61 Замки од грешници ме опкружија, но јас не го заборавив Твојот закон.
62 На полнок станував да те величам поради Твоите праведни судови.
63 Јас сум ме у оние, што се бојат од Тебе и кои ги пазат Твоте наредби.
64 Со Твојата милост, Господи, земјата е полна; научи ме на Твоите наредби.
65 Добрини си му направил, Господи, на Твојот слуга според Твоето слово.
66 Научи ме на добро и на разумно, зашто верувам на Твоите наредби.
67 Пред моето страдање јас прегрешив; а сега го пазам Твојот збор.
68 Ти си добар, Господи, и поради добрината Твоја научи ме на Твоите наредби.
69 Се зголеми неправдата од гордите врз мене, но јас од се срце ке ги пазам Твоите заповеди.
70 Се засири срцето мое како млеко; но јас се утешувам со Твојот закон.
71 Добро ми е што ме смири, за да се научам на Твоите наредби.
72 Законот на Твојата уста за мене е подобар отколку иљадници злато и сребро.
73 Твоите раце ме создадоа и изградија: вразуми ме, и ке се научам на Твоите заповеди.
74 Оние, кои се бојат од Тебе, кога ке ме видат ке се зарадуваат, затоа што се надевав на Твоите зборови.
75 Знам, Господи, дека Твоите судиви се праведни, и според справедливоста Твоја Ти ме казни.
76 Па нека ми биде милоста Твоја утеха, според Твоето слово кон Твојот слуга.
77 Нека пријде на мене Твојата штедрост, и јас ке живеам, зашто законот Твој е утеха моја.
78 Нека се посрамат горделивите, зашто неправедно и без вина ме обвинуваат.
79 Нека се обрнат кон мене, они што се плашат од Тебе и кои ги знаат Твоите сведоштва.
80 Нека биде срцето мое непорочно во Твоите наредби, та да не се посрамам.
81 Копнее душата моја за Твоето спасение; јас се надевав на Твоите зборови.
82 Очите мои попуштија од желба за Твоето слово велејки: кога ке ме утешиш?
83 Зашто станав како мев на мраз, но Твоите наредби не ги заборавив.
84 Колку се дните на Твојот слуга? Кога ке извршиш суд над моите гонители?
85 Законопрестапниците се подигруваат со мене спротивно на Твојот закон.
86 Сите Твои заповеди се вистина. Неправедно ме гонат: помогни ми!
87 За малку ке ме убиеја на земјата, но јас не ги оставив Твоите заповеди.
88 Споерд Твојата милост оживи ме, и јас ке ги пазам сведоштвата од Твојата уста.
89 Твоето слово, Господи, е засекогаш утврдено на небото;
90 Твојата вистина е од род во род. Ти си ја поставил земјата, и таа стои.
91 Според Твоја воља постои денот. Се што постои, Тебе ти служи.
92 Да не беше Твојот закон утеха за мене, јас ке загинев во невољата своја.
93 Никогаш нема да ги заборавам Твоите наредби, зашто преку нив ме оживуваш.
94 Твој сум јас, спаси ме, зашто ги барав Твоите наредби.
95 Грешниците настојуваа да ме убијат, но јас ги разбрав сведоштвата Твои.
96 Го видов крајот на секое совршенство, но Твоите заповеди се безгранични.
97 Колку го засакав, Господи, Твојот закон; секој ден се поучувам од него.
98 Со својата заповед Ти ме направи помудар од непријателите мои, зашто таа е секогаш со мене.
99 Станав поразумен од сите учители мои, зашто сведоштвата Твои се моја поука.
100 Поумен станав од старците, зашто ги сакам Твоите заповеди.
11 Ги задржувам нозете свои од секаков лош пат, за да го пазам словото Твое.
12 Од твоите судови нема да се откажам, зашто Ти ме учиш.
13 Колку се слатки за глото мое зборовите Твои, послатки се од мед во устата моја.
14 Преку твоите заповеди станав разумен; затоа го замразив секој пат на неправда.
15 Твоето слово е светилник на нозете мои и светлина за патеката моја.
16 Се заколнав и реков да ги пазам Твоите праведни судови, и ке ги исполнувам.
17 Многу сум нажален, оживи ме, Господи, поради Твоето слово.
18 Затоа, благослови, Господи, да примиш доброволна жртва од мојата уста, и научи ме на Твоите судови.
19 Душата ми е постјано во Твојата рака, но Твојот закон не го заборавив.
110 Грешниците ми поставија замка, но јас не се отстранив од Твоите заповеди.
111 Твоите сведоштва ги примив како вечно наследство, зашто тие се голема радост за срцето мое.
112 Го натерав срцето свое да ги извршува наредбите Твои како вечно оправдание.
113 Престапниците на законот ги замразив, но Твојот закон го сакам.
114 Ти си мој помошник и мој заштитник: на Твојата слава се надевам.
115 Иставете се од мене беззаконици, за да ги испитам заповедите на мојот Бог.
116 Застапи се според Твоето слово, и јас ке живеам; не посрамувај ме во надежта моја;
117 помогни ми, и ке се спасам: и во Твоите наредби постојано ке се учам.
118 Ти ги презираш оние, кои отстапуваат од Твоите наредби, зашто нивните мисли се неправедни.
119 Сите грешници земни ги сметам како престапници, затоа засекогаш ги засакав Твоите сведоштва.
120 Од страв пред Тебе трепери телото мое, и од Твоите судови се плашам.
121 Јас вршев суд и правда; не предавај ме на оние што ми чинат неправда.
122 Прими го Твојот слуга за негово добро, та да не ме клеветат горделивите.
123 Очите ми копнеат, очекујки го спасението од Тебе, и словото на Твојата правда.
124 Постапи со Твојот слуга според милоста Своја и научи ме на Твоите наредби.
125 Слуга Твој сум јас: вразуми ме и ке ги познаам сведоштвата Твои.
126 Време е, Господи, да се дејствува: Твојот закон го разурнаа.
127 Затоа ги засакав заповедите Твои и од топаз и од злато повеке.
128 Затоа се управував според сите Твои заповеди и патот на неправдата го замразив.
129 Прекрасни се Твоите сведоштва: затоа душата моја ги испитуваше.
130 Објавувањето на Твоите зборови ги просветува и вразумува младите.
131 Ја отворив устата моја и воздивнав, зашто жеден сум за Твоите заповеди.
132 Погледај кон мене и помилуј ме, како што се постапува со оние, кои го сакаат Твоето име.
133 Утврди ги стапките мои според Твоето слово и не допушти со мене да овладее никакво беззаконие.
134 Избави ме од човечко клеветење и ке ги пазам Твоите заповеди,
135 озари го Твојот слуга со светлината на лицето Твое, и научи ме на Твоите заповеди.
136 Од очите мои потоци извори солзи, зашто не го запазив Твојот закон.
137 Праведен си Ти, Господи, и праведни се Твоите пресуди.
138 Твоите сведоштва, што си ги дал, се засновани на правда и вечна вистина.
139 Ревноста моја ме јаде, зашто непријателите мои ги заборавија Твоите слова.
140 Твоето слово е многу чисто, и Твојот слуга го сака.
141 Мал сум и презрен, но Твоите наредби не ги заборавив.
142 Твојата правда е вечна правда, и Твојот закон е вистина.
143 Скрб и мака ме обзедоа; Твоите заповеди се моја поука.
144 Правдата на Твоите сведоштва е вечна; вразуми ме, и ке живеам.
145 Те призивам со сето срце мое, услиши ме, Господи, - и ке ги пазам наредбите Твои.
146 Тебе Те повикувам: спаси ме, па ке ги пазам Твоите слова.
147 Ја испреварувам зората и викам: на Твоето слово се надевам.
148 Очите мои се отворија пред утринската стража, за да се поучам на Твоите слова.
149 Чуј го мојот глас, според милоста Своја, Господи; според Твојот суд оживи ме.
150 Се приближија оние, што сакаат беззаконие; од законот Твој тие се оддалечија.
151 Близок си Ти, Господи, и сите Твои заповеди се вистина.
152 Одамна знам за твоите сведоштва, кои си ги утврдил засекогаш.
153 Погледај на мојата потиштеност и избави ме, зашто не го заборавив Твојот закон.
154 Пресуди според мојата правда и заштити ме; заради словото Твое оживи ме.
155 Далеку е спасението од грешниците, зашто тие не ги побараа Твоите наредби.
156 Голема е Твојата милост, Господи, според Твојот суд оживи ме.
157 Многумина ме гонеа и мачеа, но од Твоите сведоштва јас не отстапив.
158 Видов неразумни и тешко ми беше, зашто словата Твои не ги запазија.
159 Гледаш како ги засакав заповедите Твои, оживи ме, Господи, поради Твојата милост.
160 Вистината е основа на Твоите слова; и вечен е секој суд на Твојата праведност.
161 Кнезовите ме гонеа без вина, но срцето мое се уплаши само од Твоите зборови.
162 Се радувам на Твоето слово, како оној кој нашол големо благо.
163 Ја замразив неправдата и се гнасам од неа; а Твојот закон го засакав.
164 Седумпати на ден Те прославувам за судовите на Твојата правда.
165 Голем е мирот кај оние, кои го сакаат Твојот закон, и за нив нема соблазна.
166 Го чекав спасението од Тебе, Господи, и Твоите заповеди ги засакав.
167 Душата моја ги пази Твоите сведоштва, и јас многу ги засакав.
168 Ги пазам Твоите заповеди и Твоите сведоштва, зашто сите мои патишта се пред Тебе, Господи.
169 нека се приближи пред Тебе молбата моја, Господи; вразуми ме според Твоите зборови.
170 Нека барањето мое дојде пред Тебе; избави ме според Твоето слово.
171 Од устата моја нека се произнесе похвала, кога ке ме научиш на Твоите наредби.
172 Јазикот мој нека ги разгласи Твоите зборови, зашто сите Твои заповеди се праведни.
173 Нека ми биде Твојата рака на спасение, зашто Твоите заповеди ги избрав.
174 Копнеев, Господи, за спасение од Тебе и Твојот закон е мојата поука.
175 Kе живее душата моја и ке Те слави; и Твоите судови нека ми помогнат.
176 Се заблудив како загубена овца: побарај го Твојот слуга, зашто не ги заборавив Твоите заповеди.