Псалми. Chapter 114

1 Кога Израилот излезе од Египет, домот Јаковов - од ту народ,
2 Јудеја стана Божјо светилиште, Израилот област Негова.
3 Морето виде и избега; Јордан се врати назад.
4 Горите се разиграа како овни, и ритчињата - како јаганца.
5 Што ти стана тебе море, па бегаш, и тебе, Јордане, па назад се вракаш?
6 Зашто се разигравте, гори, како овни, и вие, ритчиња, како јаганца?
7 Трепери земјата пред лицето на Господа, пред лицето на Бога Јаковов,
8 Кој камен претвора во водно езеро и карпа - во воден извор.