Псалми. Chapter 142

1 Со гласот свој повикав кон Господа, со гласот свој Му се помолив на Господа.
2 Kе го излијам пред Него молењето мое: маката моја пред Него ке ја кажам.
3 Кога изнемоштуваше духот мој, Ти ја знаеше мојата патека, на патот, по кој одев, тие скришно примки ми поставија.
4 Се обsирав надесно и гледав, а таму никој кој ме познаваше: немаше каде да избегам; никој не се грижеше за душата моја.
5 Повикав кон тебе, Господи, и реков: 'Ти си мојата надеж и мој дел во земјата на живите.
6 Прими ја молитвата моја, зашто се понизив многу; избави ме од моите гонители, оти тие се посилни од мене.
7 Изведи ја од темнина душата моја, за да го прославувам името Твое. Мене ке ме чекаат праведните, додека не ме повратиш.'