Псалми. Chapter 147

1 Хвалете Го Господа, зашто е добро да Му се пее на нашиот Бог, зашто на Добриот Му прилега похвала.
2 Господ го гради Ерусалим и ке ги собере расеаните синови на Израилот.
3 Он ги изцелува скрушените по срце и ги преврзува раните нивни.
4 Го определува бројот на sвездите и не сите им дава име.
5 Велик е Господ наш и голема е силата Негова, а мудроста Негова - неизмерлива е.
6 Господ ги прифака смирените, а грешниците ги понижува до земја.
7 Пејте Му секогаш славословија на Господа: на гусле пејте Му на Нашиот Бог,
8 Кој го покрива небото со облаци, подготвува дожд за земјата, прави да расте трева по горите и растенијата за полза на човекот,
9 на добитокот му ја дава храната негова и на малите врани кога гракаат.
10 На коњската сила не гледа Он, ниту Му е мила брзината на човечките нозе.
11 Господ ги почитува оние, кои се бојат од Него и кои се надеваат на Неговата милост.
12 Пофали Го, Ерусалиме, Господа; пофали Го, Сионе, твојот Бог.
13 Он ги зацврсти резињата на вратите твои, ги благословува твоите синови во Тебе;
14 го утврдува мирот во Твоите предели, со јадра пченица те заситува;
15 го испрака на земјата Својот благослов; Неговиот збор брзо оди;
16 дава снег како волна; сипува магла како пепел;
17 фрла град Свој како залаци; пред Неговиот мраз кој може да устои?
18 Kе го испрати благословот, и се се растопува; ке дувне со ветрот Свој, и води потекуваат.
19 Он му го кажа благословот Свој на Јакова, Своите наредби и Своите судови на - Израилот.
20 на никот друг народ Он не му го направил тоа, и Своите судови ним не им ги јавил.