Псалми. Chapter 141
1 Господи, кон Тебе повикав: услиши ме, чуј го гласот на молењето мое, кога повикувам кон Тебе!
2 Нека се исправи пред Тебе молитвата моја како темјан, а воздигањето на рацете мои - како жртва вечерна.
3 Постави, Господи, стража пред устата моја и врата на усните мои;
4 не давај да застрани срцето мое кон зборовите лукави, да врши грешни дела заедно со лу ето, кои вршат беззаконија; јас нема да се здружам со нивните избраници.
5 Преведникот нека ме казнува - тоа е милост; нека ме изобличува, не не давај елеј на грешник да ја помаже главата моја; зашто и молитвата моја се противи на нивната злоба.
6 Судиите нивни, кога ке се распрснат по стрмни камења, ке се чујат зборовите мои, зашто се пријатни.
7 Како кога грутка земја ке падне се растура, така се растурија коските наши во пеколот.
8 Но кон Тебе, Господи, Господи, се управени очите мои; на Тебе се надевам, не одземај ја душата моја!
9 Запази ме од стапиците што ми ги поставија, и од соблазната на оние што вршат беззаконија.
10 Грешиците нека паднат во своите мрежи, само јас ке поминам.