Псалми. Chapter 149

1 Запејте Му на Господа нова песна; похвала за Него да се чуе во храмот на светиите.
2 Нека се весели Израилот на Својот Создател; а синовите на Сион, нека се радуваат на својот Цар.
3 Нека го фалат името Негово во оро, со тимпани и со гусли нека Го слават,
4 зашто Господ го сака Својот народ и ке ги возвиши кротките, спасувајки ги.
5 Kе се развеселат светиите во слава, ке се зарадуваат врз леглата свои.
6 Славословија за Бога ке има во устите нивни и двоостер меч - во рацете нивни,
7 за да извршат одмазда над народите, за казна над племињата,
8 да ги врзат во верига царевите нивни и нивните властелини - со железни окови на рацете;
9 да го извршат над нив напишаниот суд. Тоа ке биде славата за сите Негови светии.