Псалми. Chapter 145
1 Kе Те превеознесувам, Боже мој, Цару мој, и ке го благословувам името Твое сега, секогаш и во сите векови.
2 Секој ден ке Те благословувам и ке го фалам името Твое сега, секогаш и во сите векови.
3 Велик е Господ и достоен за голема похвала и величието Негово нема крај.
4 Од род во род ке се фалат делата Твои и за силата Твоја ке се прикажува.
5 За велелепната слава на Твојата светост ке зборуваат и за Твоите чудеса ке известуваат.
6 Kе говорат и за силата на Твоите страшни дела, и ке прикажуваат и за Твоето величие.
7 Kе ги помнат многуте добрини Твои, и ке се радуваат на Твојата правда.
8 Штедар и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив.
9 Добар е Господ спрема сите, и Неговите штедрости се во сите Негови дела.
10 Нека Те прославуваат, Господи, сите Твои дела, и нека Те благословуваат светиите Твои,
11 и нека ја проповедаат славата на Твоето царство, а да прикажуваат и за силата Твоја.
12 За да им се кажува на синовите човечки, за Твојата сила и за велелепната слава на Твоето царство.
13 Твоето царство е царство на сите векови, а владеењето Твое над сите поколенија; верен е Господ во сите Свои зборови и свет во сите Свои дела.
14 Господ ги придржува сите што па аат и ги подига наведнатите.
15 Очите на сите се управени кон Тебе, и Ти им ја даваш нивната храна навреме;
16 Ти ја отвори ракта Твоја и исполнуваш се што е живо со сите негови потреби.
17 Праведен е Господ во сите Свои патишта и свет во сите Свои дела.
18 Близу е Господ до сите, кои Го признаваат, до сите, кои вистински Го призиваат.
19 Он им ја исполнува желбата на оние, кои се бојат од Него, ги услишува молитвите нивни, и ги спасува.
20 Господ ги пази сите кои Го сакаат, а сите грешници ке ги истреби.
21 Устата моја ке искаже похвала на Господа; секое тело нека го благословува името свето, сега, секогаш и во сите векови.