Псалми. Chapter 148
1 Фалете Го Господа на небесата, фалете Го, на висините.
2 Фалете Го, сите ангели Негови, фалете Го, сите војски Негови.
3 Фалете Го, сонце и месечино, фалете Го сите sвезди и светила.
4 Фалете Го, небеса на небесата и води над небесата.
5 Нека го фалат името на Господа, зашто Он ече и тие се јавија, заповеда - и се создадоа;
6 ги постави за секогаш и за вечни времиња; даде наредби кои нема да се нарушат.
7 Фалете Го Господа од земјата, вие, сите али и бездни;
8 огнот и градот, снегот и мразот, и ти, бурен ветру, кој го исполнуваш словото Негово;
9 гори и сите возвишенија, плодородни дрвја и сите кедри,
10 sверови и сиот добиток, влекачи и птици крилати,
11 цареви земни и сите народи, кнезови и сите земни судии,
12 момчиња и девојки, старци со децата -
13 сите нека го фалат името на Господа; зашто е само Неговото име возвишено; Него Го фалат на небото и на земјата.
14 Он ке ја подигне силата на Својот народ; Он ги прославува сите Свои светии, синовите Израилеви, на народот, кој Му е близок.