Псалми. Chapter 118

1 Славете го Господа, зашто Он е добар, зашто милоста Негова е вечна.
2 Нека каже сега домот Израилев дека е Он добар, дека милоста Негова е вечна.
3 Нека рече сега домот Аронов: дека е Он добар, дека милоста Негова е вечна.
4 Нека кажат сега сите, кои се бојат од Господа: дека е Он добар, дека милоста Негова е вечна.
5 Кога бев на мака, Го призвав Господа и ме услиши и на ширина ме изведе.
6 Господ е мој помошник, нема да се уплашам: што може да направи човек?
7 Господ ми е помошник: и јас слободно ке гледам на непријателите мои.
8 Подобро е да се надевам на Господа, отколку да се надевам на човек.
9 Подобро е да се надевама на Господа, отколку да се надеваме на кнезовите.
10 Сите народи ме опколија, но со името Господово јас ги разбив;
11 ме опседнаа, ме обиколија, но со името Господово јас ги победив.
12 Ме опкружија како пчели околу сотка, па се запалија како оган во трње: со името Господово јас им се противставив.
13 Ме турнаа силно, за да паднам, но Господ ме прифати.
14 Господ е крепост моја и песна; Он стана мое спасение.
15 Глас на радост и на спасение се слуша во домовите на праведните; десницата на Господа дава сила!
16 Десницата Господова ме возвишува, десницата Господова дава сила.
17 Нема да умрам, но ке живеам и ке ги разгласувам делата Господови.
18 Господ строго ме казни, но на смрт не ме предаде.
19 Отворете ми ја вратата на правдата: ке влезам во неа, ке го прославувам Господа.
20 Ете, тоа е вратата Господова, праведните влегуваат низ неа;
21 ке Те славам, зашто ме услиши и стана спасение мое.
22 Каменот, што го отфрлија sидарите, стана глава на аголот.
23 тоа е од Господа, и е прекрасно во очите наши.
24 Овој ден е што го создаде Господ за да се зарадуваме и да се развеселиме во него.
25 О, Господи, спаси! О, Господ, побрзај!
26 Нека е благословен оној, кој оди во името на Господа! Ве благословуваме од домот Господов.
27 Бог е Господ и ни се јави; образувајте празнична придружба до роговите на жртвеникот.
28 Бог мој си Ти и Тебе ке те славам; Бог мој си Ти и Тебе ке те превознесувам. Kе те прославувам, зашто Ти ме услиши и стана мое спасение.
29 Славете го Господа, зашто Он е добар, зашто милоста му е вечна.