Псалми. Chapter 4

1 Кога викам, чуј ме, Боже, правдо моја! Во маката моја дај ми простор. Помилуј ме и услиши ја молитвата моја.
2 Синовите човечки, до кога ке бидете со тврдо срце; до кога ке сакате суета и ке барате лага?
3 Знајте дека Господ го запазил Својот светија; Господ слуша кога викам кон Него.
4 Не грешете, гневејки се; размислете во срцета свои и на постелите сви, и смирете се.
5 Принесете жртва за правда и надевајте се на Господа.
6 Мнозина велат: кој ке ни покаже што е добро? Покажи ни ја светлината на лицето Свое, Господи!
7 А мене Ти си ми го исполнил срцето со радост поголема отколку кога ке се роди во изобилие пченица и вино.
8 Затоа мирно легнувам и спијам; оти Ти, Господи, си ми влил надеж да живеам без опсасност.