Псалми. Chapter 43
1 Пресуди ми, Боже, и расправи ја тужбата моја против народот кој не е свет. Избави ме од неправеден и лукав човек.
2 Бидејки Ти си крепост моја, Боже, зошто си ме отфрлил? И зошто одам така нажален додека непријателот ме мачи?
3 Испрати ја Твојата светлина и Твојата вистина да ме водат и да ме доведат во Твојата света гора и во Твоето живеалиште.
4 И ке пристапам до Божјиот жртвеник, до Бога, Кој ја радува мојата младост. На цитра ке Те славам, Боже, Боже мој!
5 Зошто тагуваш душо моја, и зошто ме вознемируваш! Наведај се на Бога, бидејки пак ке Го исповедам Него, Спасителот и мојот Бог.