Псалми. Chapter 47
1 Заплескајте со рацете, сите народи воскликнете кон Бога со радосен глас;
2 зашто Севишниот Господ е страшен, Голем Цар е над целата земја.
3 Он ни покори под нозете лу е и народи;
4 за Свое наследство ни ја избра красотата на Јакова, кого го возљуби.
5 Се издигна Бог при восклици, Господ се возвисува при трубен звук.
6 Пјете му на нашиот Бог, пејте; пејте му на нашиот Цар, пејте,
7 зашто Бог е Цар над целата земја; пејте Му мудро!
8 Бог се зацари над народите, Бог седи на светиот Свој престол;
9 незнабожечките кнезови се состанаа со Авраамовиот Бог, зашто земните силници кои Му припа аат на Бога, силни се подигнаа.