Псалми. Chapter 41

1 Блажен е оној, што ги прегледува бедните и сиромасите! Во злочест ден Господ ке го избави.
2 Господ нека го запази и нека го заштити и ублажи животот негов на земјата; и да не го предаде во рацете на непријателот негов.
3 Господ нека му помогне кога лежи болен в постела. Ти ја изменуваш целата постела негова при болеста негова.
4 Реков: 'Господи, смилуј се на мене, излекувај ја душата моја, зашто згрешив пред Тебе.'
5 Непријателите мои зборуваат лошо за мене: 'Кога ке умре, и кога ке загине името негово?'
6 И ако некој дојде да ме види, говори лага; неговото срце собира неправда во себе, и тој, штом ке излезе надвор, расправа.
7 Сите мои непријатели шепотат ме у себе против мене, помислувајки ми зло:
8 'За законопрестапен збор ме набедија; кој еднаш легне веке нема да стане.'
9 Дури и човекот, кој беше во мир со мене и на кого се надевав, кој јадеше мој леб, ја крена ногата против мене.
10 А Ти, Господи, помилуј ме, исправи ме, та да им возвратам.
11 По тоа ке дознаам, дека сум ти мил, кога непријателот мој нема да се погордее над мене;
12 а мене, пак, ме прифати цел поради мојата незлобивост и ме зацрсти пред Себе вечно.
13 Нека е благословен Господ, Бог Израилев, од века до век! Амин, амин!