Псалми. Chapter 45
1 Од срцето мое се излива благ збор; му зборувам на Царот за делата мои; јазикот ми е како трска на брзописец.
2 Ти си најпрекрасниот ме у синовите човечки, благодат се излива од Твојата уста; затоа Бог Те благословил довека.
3 Препаши го на бедрото мечот Свој, о силнику: во Својата красота и убавина!
4 И така украсен, поитај и царствувај заради вистината, кротоста и правдата, и Твојата десница ке покаже чудесни дела.
5 Изострени се Твоите стрели, о јунаку, народите ке паднат пред Тебе, - тие ке се забодат во срцата на царските непријатели.
6 Твојот престол, Боже, е вечен: жезлото на правдата е жезло на Твоето царство.
7 Ти ја засака правдата и го намрази беззаконието; затоа, Боже, Твојот Бог, Те помаза со елеј на радоста повеке од Твоите соучесници.
8 Сите Твои облеки мирисаат на смирна, алој и касија; кога излегуваш од дворците од тешка слонова коска, во што нао аш радост.
9 Царски керки се во Твојата почесна придружба; царицата стои покрај Тебе оддесно во облека украсена и со злато проткаена.
10 Чуј, керко, види, приклони го увото свое и заборави го твојот народ и домот на таткото твој.
11 Зашто Царот ја посака твојата убавина, оти Он е твој Господар и приклони Му се тогаш ти.
12 И керката тирска ке Му се поклони со подароци и најбогатите ме у народот ке те замолат.
13 Сета слава на царската керка е внатре: нејзината облека е везена со злато;
14 во везена облека ке ја доведуваат кај Царот; по неа водат при Тебе девици, нејзини другарки, и ги приведуваат кон Тебе,
15 ги доведуваат со веселба и радост, влегуваат во Царевиот дворец.
16 Место твоите татковци, овде ке бидат твоите синови; Ти ке ги поставиш за кнезови по целата земја.
17 Kе го спомнуваат името Твое од род во род; затоа народите ке Те слават од век до век.