Псалми. Chapter 40

1 Долго време се надевав на Господа, и Он се наклони над мене и ја чу молитвата моја,
2 и ме изведе од длабината на јадот и од длабока тиња, па ги постави нозете мои на камен и ги зацврсти стапалата мои;
3 а во устата моја вложи нова песна - похвала на нашиот Бог. Мнозина ке видат, и страв ке ги опфати и ке се надеваат на Господа.
4 Блажен е оној човек, чија надеж е името на Господа и не се загледува во ништожни работи и лажни воодушевувања.
5 Многу чудесни дела си направил. Господи, Боже мој, и по многуте мисли Твои кој може да се спореди со Тебе! Почнав да ги објавувам и да зборувам со нив, но тие број немаат.
6 Жртви и приноси Ти не побара, но телото ни го подготви; сепаленица и жртва за грев Ти не побара.
7 Тогаш реков; еве, идам; во книгата за мене е напишано;
8 одлучив да ја исполнам вољата Твоја, Боже мој; и Твојот закон е во срцето мое.
9 ја објавувам Твојата правда во големото собрание; не и бранев на устата моја; Ти го знаеш тоа, Господи.
10 Твојата правда не ја сокрив во срцето мое, ја објавив вистината Твоја и спасението Твое; и не је затаив Твојата милост и Твојата вистина од собранието.
11 Но, Господи, не отстранувај го милосрдието Твое од мене; Твојата милост и Твојата вистина ме пазеа постојано,
12 зашто зла безбројни ме опкружија; ме притиснаа беззаконијата мои, и не можев дури ни да гледам, - тие се повеке од влакната на главата моја; а и срцето мое ме остави.
13 Благоволи, Господи, да ме избавиш; Господи, побрзај ми на помош.
14 Нека се засрамат и нека поцрвенат сите, кои бараат да ја погубат душата моја! Нека бидат вратени назад и нека бидат предадени на потсмев оние, кои ми сакаат зло.
15 Веднаш да си го понесат својот срам оние, кои сакајки да ми се наругаат велат: 'Добро, добро!'
16 Нека се зарадуваат и нека се развеселат во Тебе сите, кои Те бараат, и оние што сакаат спасение од Тебе непрестајно нека зборуваат: велик е, велик - Господ!
17 А јас сум сиромав и беден; Господ ке се грижи за мене. Ти си помошник мој и заштитник мој, Боже мој, не задоцнувај.