Псалми. Chapter 5
1 Чуј ги, Господи, зборовите мои, разбери ги поплаките мои.
2 Чуј го гласот на моето молење, Цару мој и Боже Мој!
3 Наутро чуј го гласот мој, наутро застанувам пред Тебе и во Тебе гледам.
4 Оти ти си Бог, Кој не сака беззаконија; за лошиот нема место при тебе:
5 безбожниците нема да излезат пред очите Твои; Ти ги мразиш сите што вршат неправда.
6 Ти ке ги уништиш сите лажливци; од крвопиец и лукав Господ се гнаси.
7 А јас, пак, според Твојата голема милост, ке влезам во Твојот храм со страв пред Тебе.
8 Господи, упатувај ме во Твојата правда, поради непријателите мои патот Твој пред мене порамни го.
9 Зашто во устата нивна нема вистина; во срцето им е измама; грлото им е оторен гроб; на јазикот, пак, дволичност.
10 Казни ги, Боже, нека пропаднат тие и мислите нивни; поради многуте нечестни работи отфрли ги, бидејки Те огорчија Тебе.
11 Па нека се зарадуваат сите, кои се надеваат на Тебе: вечно да се радуваат оние што Ти ги закрилуваш; и да се радуваат со Тебе оние, што го сакаат името Твое.
12 Оти Ти, Господи, го благословуваш пераведникот и со оружјето на милоста Своја го закрилуваш.