Псалми. Chapter 52

1 Зошто, се фалиш, силнику, со злоба? Беззаконија вршиш по цел ден.
2 Јазикот твој погубни работи измислува; како наострен брич ти е - и веке си смислил измама.
3 Ти повеке ја засака злобата отколку доброто, неправдата, отколку да говориш правда;
4 ти, лукав јазику, засака секакви погубни зборови.
5 Поради тоа Бог, до крај ке те уништи, ке те истргне и ке те пресели од живеалиштето твое, и коренот твој - од земјата на живите.
6 Kе видат праведните, ке се уплашат и ке му се подсмеваат, па ке речат:
7 ете човек, кој не ја полагаше силата своја во надеж на Бога, а се надеваше на големото богатство свое, и кој се осили во лесномисленоста своја.
8 А јас, пак, сум во Божјиот дом како плодна маслина и се надевам на милоста Божја во сите векови.
9 Вечно ке Те славам за она што го направи, и ке се надевам на името Твое, зашто тоа е благо пред светиите Твои.