Псалми. Chapter 56
1 Смилуј се Боже, на мене, зашто човек сака да ме голтне; напа ајки секој ден, ме притиска.
2 Моите непријатели по цел ден ме газат, зашто мнозина се оние, кои ме напа аат со гордост.
3 Кога страв ке ме спопадне дење, на Тебе се надевам.
4 Во Бога ке ги фалам зборовите свои; на Бога се надевам. Нема да се плашам; што може да ми направи човек?
5 Секој ден ги извртуваат зборовите мои; сите нивни мисли упатени против мене се зло.
6 Се собираат и се кријат, ги набљудуваат петите мои, упорно работат против мојот живот.
7 Нема за што да ги спасуваш, Боже, Со гнев Боже, собери ги народите.
8 Боже, Ти го знаеш животот мој, солзите мои Си ги ставил пред себе - како во заветот Твој.
9 Непријателите мои ке се вратат назад, секогаш кога Те призовувам; по тоа знам дека Ти си Бог мој.
10 Со Бога се фалам за Неговото слово. Со Господа се фалам за зборот Негов.
11 На Бога се надевам, не се плашам; што може да ми направи човекот?
12 Во мене се, Боже, благодарствените молитви мои кон Тебе, кои ке Ти ги упатам.
13 Зашто Ти ја избави душата моја од смрт, а и нозете мои од сопнување, за да благоугодам пред Бога во светлината на живите.