Псалми. Chapter 57
1 Смилуј се, Боже, на мене. Смилуј се, зашто на Тебе се надева душата моја, и во сенката на криљата Твои ке ја положам надежта моја додека не минат беззаконијата.
2 Kе повикам кон Бога Севишниот, кон Бога, Кој ми прави добро.
3 Он ке прати од небото и ке ме спаси; ке ги посрами оние, кои ме презираат. Kе ја испрати Бог Својата милост и Својата вистина.
4 И нека ја избеви душата моја од лавови; лежам смутен ме у синовите човечки; та нивни заби се копја и стрели, а јазикот им е остар меч.
5 Возвиси се на небесата, Боже, и по целата земја нека биде Твојата слава!
6 Тие подготвија стапица за нозете мои; и се обидоа да ја измамат душата моја: ископаа пред мене јама, но сами паднаа во неа.
7 Подготвено е срцето мое, Боже, спремно е срцето мое, ке пеам и ке свирам.
8 Разбуди се, славо моја, разбуди се псалтиру и гусле! Јас ке станам рано.
9 Kе Те славам, Господи, ме у народите, ке Те воспеам ме у племињата,
10 зашто Твојата милост се возвеличи до небесата, и дури до облаците - Твојата вистина.
11 Вознеси се, Боже на небесата и по целата земја нека биде Твојата слава!